Австралија е завиена во црно поради ненадејната смрт на 20 годишната лизгачка на мраз и поранешната светска јуниорска шампионка Екатерина Александровскаја, која во петокот почина откако паднала од прозор во Москва.
Александровскаја која е родена во Русија, го освои јуниорското светско злато со Австралиецот Харли Виндсор, првиот Абориџин кој некогаш се натпреварувал на Зимските олимписки игри во 2018 година во Пјонгчанг, каде парот го зазема 18-тото место.
Руските медиуми тврдат дека младата лизгачка оставила проштално писмо кое сугерира дека станува збор за самоубиство.
Таа е втор австралиски зимски олимпиец кој овој месец ненадејно починува откако сноубордерот Алекс Пулин се удави кај брегот на Голд Коуст на 8 јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.