Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, уверен е дека игрите во Токио ќе се оджат на лето. Тој оваа недела им се придружува на организаторите во обид да се убедат спонзорите дека тоа ќе се случи.
Единствената работа која е потешка од самите Олимписки игри е секако убедувањето на компаниите да остават милјарди долари спонзорства во време на економски турбуленции и скептицизмот предизвикан од пандемијата со корона вирус.
Состаноцитите ќе се одржат во четврток и петок. На дневен ред ќе бидат мерки против корона вирусот, што ќе вклучува карантини, правила за спортистите кои влегуваат во земјата, тестирање, вакцини, како и присуство, односно отсуство на навивачи.
До крајот на 2020 година и почетокот на следната се очекуваат многу детали околу организацијата. Олимписките игри во Токио кои се одложени за следната година треба да започнат на 23 јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.