Во Австралија денеска беше објавено дека властите забрануваат странци да влегуваат во земјата и да го напуштаат континентот до 2022 година, поради пандемијата со корона вирус.
Постои можност Новак Ѓоковиќ да не ја брани титулата на Австралија опен следната година. Секако, тоа би го оневозможило и останатите странски спортисти да доаѓаат на натпревари на австралиско тло, па затоа и самиот турнир е под голем прашалник.
Одлуката може да се смени во меѓувреме, но сето тоа зависи од ситуацијата, која не е особено поволна во земјата.
Вториот бран на пандемијата ги принуди властите да воведат полициски час преку ноќ и да затворат пет милиони жители.
Австралија опен треба да се одржи од 18 до 31 јануари 2021 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.