Кулмор Студ, во Фетхард во округот Типери во Ирска, е седиштето на најголемата одгледувачница тркачки коњи во светот. Тоа е дом на коњот Галилео, шампионски примерок проценет на околу 200 милиони евра.
Доколку како референца се земе веб-страницата специјализирана за вредноста на фудбалер, „Трансфермаркт“, тогаш може да се заклучи дека Галие вреди повеќе од двајцата најдобри фудбалери на светот, Кристијано Роналдо (60 милиони) и Лионел Меси (100 милиони) заедно.
Вредноста на овој коњ се гледа и по тоа што, според проценките на „Сан“, неговите услуги како коњ за расплод чинат околу 700.000 евра.
Галилео е роден во Ирска на 30 март 1998 година и неговата натпреварувачка кариера е повеќе од успешна. Тој победи на првите шест трки за девет месеци. Галилео се повлече од трките по единствениот пораз, на „Breeder’s Cup Classic“ во Белмонт Парк во Њујорк. Тоа беше единствениот пат кога тој трчаше на песок наместо на трева.
Во своите трки, Галилео освои награди во вредност од 1,7 милиони евра.
Неговите шампионски гени ги наследуваат и неговоите потомци, па така од лозата на Галилео се произлезени 89 коњи што освоиле шампионска титула на трките од најдобрата светска коњичка класа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.