Меѓународниот олимписки комитет и локалните организатори се обидуваат да ги поедностават Олимписките игри во Токио. Главна цел е да се заштедат пари во организацијата на најскапите игри во историјата.

Се очекува извршниот одбор на МОК да ги разгледа планираните кратења, кои опфаќаат 50 промени, но не и бројот на натпреварувачите и спортовите.

На Олимписките игри и Параолимписките игри во Токио ќе настапат 15.400 спортисти и ниту еден спорт нема да биде исфрлен од натпреварувањето.

Исто така, не би требало да биде изземена ниту церемонијата на отворање и затворање на игрите, олимпискиот оган и штафета.

Некој од предложените скратувања се однесуваат на помал број на украсни банери, намалување на бројот на делегации за 10 до 15 отсто, помалку екскурзии и угостителски ерони, откажување од производство на маскоти за натпреварите и откажување на добредојде на репрезентациите.

Олимписките игри требаше да се одржат ова лето, но се поместени за една година поради пандемијата со корона вирус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.