Француската тениска федерација во средата објави дека турнирот во Ролан Гарос ќе се игра помеѓу 21 септември и 11 октомври 2020 година, во Париз, бидејќи ограничувањата наметнати поради пандемијата Ковид-19 се олеснети низ целиот свет.

Обично, вториот гренд слем турнир во годината требаше да се одржи помеѓу 24 мај и 7 јуни, но беше одложен поради појава на корона вирус. Властите изјавија дека работат со француската влада за обезбедување на здравјето и безбедноста на сите инволвирани лица.

Разговараме со АТП, ВТА и ИТФ. Го избегнавме најлошто кога одлучивме да не го откажеме турнирот. Најважно е што турнирот ќе се одржи и што ќе бидеме тука за љубителите на тенисот. Го зачувавме најважниот турнир на земја“, изјави Жудичели.

Претходно, беше потврден четвртиот голем турнир во годината, УС Опен, кој ќе се игра помеѓу 31 август до 13 септември без публика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.