Славниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ со сопругата и децата наводно ќе го напушти Монте Карло, каде што живееја со години.
Во моменти кога бележи спортски рекорди во САД, најдобриот тенисер е концентриран на планот со сопругата Јелена да го сменат живеалиштето после низа години поминати во Монако.
Со синот Стефан и ќерката Тара тие ќе се преселат во Марбеља, Шпанија, пишува „Мондо“. Истиот извор додава дека двајцата се вљубеиле во овој град на југот на Шпанија на прв поглед.
Наследниците на Ноле наскоро ќе почнат да одат во училиште во Марбеља, а ова познато туристичко место е по мерка на семејството Џоковиќ, и најверојатно ќе стане нивен дом.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.