Првиот човек на Пари Сен Жермен, Ал Калифи доби условна казна затвор во времетраење од 28 месеци под обвинение за корупција.
Ал Калифи се терети за малверзации со телевизиските права на ФИФА за Светското првенство, бидејќи е сопственик на Белн телевизијата.
Покрај него, три години условна казна затвор доби и поранешниот генерален секретар на ФИФА, Жером Валке.
Пресудата ја донесе швајцарскиот суд затоа што утврди дека имало мешање при дистрибуција на телевизиските права за време на Светското првенство и Купот на конфедерациите во различни земји.
Договорот на Белн Спорт за правата на Светското првенство во 2026 и 2030 година беше потпишан со помош на Жером Валке, а „Л’Екип“ наведува дека добил вила на Сардинија 18 месеци без да плаќа кирија, што е помеѓу 900.000 и 1,8 милиони евра.
Како генерален секретар на ФИФА, Валке го искористил своето влијание врз процедурите и распределбата на ТВ-правата во Грција и Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.