Kако што информираат на официјалната фејсбук страна на ФК Беласица, во петок ќе се одржи промоција на проектот на новиот стадион на ФК Беласица и Струмица – стадион “Благој Истатов“. Како што се вели новиот стадион ќе се гради според ФИФА и УЕФА стандардите, со што Струмица ќе биде на инфраструктурната фудбалска мапа на Балканот.
Инаку не се напоменуваат детали од проектот, околу тоа колкав ќе биде капацитет, дали тоа ќе биде нов стадион или пак постоечкиот целосно ќе се реконстуира. Веројатно во петок на пресот ќе бидат обелоденети повеќе детали и споделени повеќе информации кои во интерес на јавноста.
Проект кој е од огромна магнитуда, проект со кого Струмица ќе добие европски стадион, според сите ФИФА и УЕФА стандарди. Овој проект ќе биде крунисување на 100 годишната традиција на ФК Беласица и отпочнување на уште поуспешна етапа. Подемот на ФК Беласица во последните 5 години од превземањето на претседателот Славчо Васков – Пинда е несомнено голем, па со овој проект струмичка Беласица и градскиот стадион ќе бидат ставени на инфраструктурната фудбалската мапа на Балканот како една од најдобрите, гордо носејќи го името на фудбалската голманска икона Благој Истатов, се вели во најавата за промоцијата објавена од струмичкиот клуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.