Најдобриот босански фудбалер Един Џеко стана татко уште еднаш откако неговата сопруга Амра, познатата босанска манекенка, роди девојче.
Како капитен на фудбалскиот клуб Рома напиша на својот Фејсбук профил, бебето ќе го носи името Далија.
Најпознатиот босански пар неодамна го прослави третиот роденден на синот Дани. Двојката исто така заедно ја имаат и петгодишна ќерка Уна.
Во последните неколку дена, приказната за заминувањето на Един Џеко од Рома повторно стана главна тема. Според медиумите во Италија, капитенот на репрезентацијата на Босна може да ја продолжи кариерата во Јувентус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.