Катја Авеиро, сестрата на Кристијано Роналдо, ја изненади јавноста со својата изјава за коронавирусот.

Португалецот во вторникот потврди дека е заразен со Ковид-19 и поради тоа моментално е во изолација. Роналдо веќе е во Торино, а медиумите шпекулираат дека ќе биде подготвен за натпреварот против Барселона на 29 октомври во Лигата на шампиони.

И додека тој од дома ја бодреше својата репрезентација, неговата сестра успеа да ги шокира сите, но од непознати причини, Авеиро целиот настан го нарече измама и продолжи да ги изразува своите фрустрации на Инстаграм.

Очигледно Кристијано Роналдо треба да биде тој што ќе ги отвори очите на светот. Господ го испрати да го направи тоа. Ви благодарам за тоа. Денеска илјадници луѓе веруваат исто како и јас за коронавирусот: тоа е најголемата измама досега. Доста е од овој циркус, отворете ги очите, луѓе, ве молам, напиша Аверио на Инстаграм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.