Холивудските sвезди Пенелопе Круз (45) и Винона Рајдер (48) ќе го бранат актерот Џони Деп (56), кој долго е во судовите со својата поранешна сопруга и актерка, Амбер Херд (33).
Драмата на поранешните сопружници не завршува, а сега Винона и Пенелопе застанаа во одбрана на својот колега изјавувајќи дека не го гледаат како силеџија и дека тоа им е едноставно незамисливо.
Деп поднесе тужба против поранешната сопруга Амбер Херд, во која ја тужеше за клевета кога таа во интервју за „Вашингтон пост“ се опиша како жртва на семејно насилство и злоупотреба.
По потпишувањето на изјавата, актерките ќе сведочат на суд во корист на Деп.
Не сакам никого да наречам лажго, но не верувам во ужасните обвинувања што му се припишуваат. Особено ме вознемирува бидејќи го познавам исто како и Амбер. Го познавам како добро и грижливо момче кое заштитнички се однесува кон оние што ги сака – напиша Винона во изјава во судските документи, јавува „Пипл“.
Винона и Џони Деп беа заедно четири години и ова не е првпат таа да се најде во одбрана на Деп. Двајцата почнаа врска во 1990 година, а се свршија пет месеци подоцна. Иако многумина очекуваа да се венчаат, тие раскинаа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.