Македонскиот пејач Александар Белов, кого домашната јавност го запозна во реалното шоу  Операција Триумф, денеска заплива во брачните води. Тој се венчаше со својата избраничка Јелена во Крагуевац, од каде е невестата, а парот веќе некое време живее во овој град.

Како што може да се види на фотографиите објавени на социјалните мрежи од венчавката, на неа имало и македонско и српско знаме, а Александар неодамна ја побарал раката на Јелена во Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.