Хрватскиот пејач, пријател и близок соработник на Тоше Проески, Тони Цетински се присети на прерано починатиот Тоше со емотивна објава на фејсбук.

13 долги години .. Утре некаде во ова време не напушти физички, но само физички брате мој. Не можам да верувам колку многу сè уште ни недостасуваш денес и колку е тешко за нас што си замина прерано. Животот навистина не е фер… Ме прашуваш каде сум и што правам? На пат секако и одвратен е дождот, но твојата насмевка е надеж која на сите во денешново чудно и зло време толку е потребна. Ќе биде се во ред додека те имаме тебе кој не чуваш со своето присуство, песни и сето добро и благородно што го остави на оваа планета. Ти си ангел на доброто. Знам дека нè чуваш, како што и ти мораш да знаеш дека засекогаш си во нашите молитви. Брат те сакам, напиша Тони на својот Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.