Актерката Леа Ремини, поранешна членка на Скиентолошката црква и нејзин главен критичар, во интервју изјави дека актерот Том Круз е сметан за божество на Скиентолозите. Американецот е член на Скиентолошката црква, која многумина ја сметаат за секта со години, и секогаш ги бранел нејзините учења.

„Во моментов, Круз е втор на позиција по актуелниот лидер на Скиентолошката црква, Дејвид Мискавиџ – спасителот на слободниот свет“, објаснува Ремини во едно интервју.

Според нејзините зборови, пониските членови на црквата биле обврзани и охрабрени да ги гледаат филмовите на Том Круз многупати во кината за да ги подигнат во кино-благајните.

Тврдењата на Ремини, која со години продуцира и води емисија за поранешни членови на Скиентолошката црква, беа поддржани и од поранешниот член на организацијата Бри Муд.

„Том Круз е бог за ниските рангови. Секој пат кога имав филм со него во кино, од црквата ги купуваа нашите билети за проекциите. Тоа е обично околу 500, 1.000 или 2.000 билети“, вели Муд.

Круз одбива да коментира нешто за Скиентолошката црква, на која со години е член. Неговите посвоени деца Изабела и Конар Круз се исто така членови на црквата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.