Дино Мерлин потекнува од сиромашно семејство. Татко му бил алкохоличар, а мајка му Була. Имал проблем во комуникацијата со неговиот татко, кој го напуштил семејството кога Мерлин бил дете.

Ова животно искуство го инспирирал да ја напише песната „Kad Ti Dođem Nesrećo“.
Мерлин и неговата сегашна сопруга Амела била многу комплицирана. Неговата сопруга потекнувала од богато семејство, па нејзините родители биле против нивната врска и не и дозволувале да  се омажи за него. Додека Дино одел на занает, таа посетувала средно училиште, па така нејзините родители сакале таа да се забавува со некој на нејзино ниво. Сепак, љубовта била посилна, па тие побегнале кога имале 20 години и таа тајно се омажила за него.

Денес вели дека нејзините родители го сакаат повеќе од што заслужува, а нивната љубовна приказна го инспирирала да ја напише песната „Kad Si Rekla Da Me Voliš“.

Се боревме, се криевме, но никој не можеше да не раздели. После пет години тајно се венчавме. Тоа беше романтична свадба, иако буквално ја киднапирав сопругата. Со нас беа само мојот кум и сестрата на Амела која беше кума. Говорот на матичарката беше предолг, а јас постојано гледав кон вратата за никој да не влезе и да ни ја расипе среќата. По венчавката заминавме на патување во Дубровник, а кога се вративме, се преселивме кај мајка ми и веднаш го почувствувавме ударот на секојдневието. Мене ме чекаше голема одговорност за семејството и тешка работа, а родителите на Амела беа толку лути што половина година не сакаа ни да чујат за неа. Но, ете времето лечи се па денеска нејзините родители ме сакаат и повеќе од што заслужувам-рекол при една прилика Мерлин.

Освен родителите на Амела и пријателите на Мерлин биле против нивната врска. Мислеле дека губи време со неа, и дека таа не е соодветна за него бидејќи бројни препреки биле помеѓу нив и дека нема да успеат да ги победат. Нивните совети дека таа не е девојка за него, Мерлин ги вткал во песната “Paša Moj Solidni”.

Во една прилика, неговата сопруга го прашала дали донел нешто да јаде, а тој мавтал со парче хартија во раката и и кажал како напишал песна.

Дали си луд? Хартијата не се јаде“, му рекла тогаш на нејзиниот сопруг.

На хартијата се наоѓала песната “Kokuzna Vremena”“, која завршила на неговиот прв албум и беше пресвртна точка во неговиот живот.

Песната “Da te nije Alija” е посветена на најдобриот другар и сосед на Мерлин Алија Миладин кој бил единствен покрај него кога бил „никој и ништо“ а не покојниот претседател на БиХ Алија Изетбеговиќ, како што мислат многумина.

Неговиот другар подовна загинал во војната, тогаш настанале стиховите на песната “Ja bi svjetlom zvao mrakom da te nije Alija”. Алија единствен верувал во неговиот талент и го бодрел, додека другите го понижувале.

Еден од неговите најголеми хитови,  “Moj Je Život Švicarska”  настанал исто така како „последица“ на една интересна ситуација.

Мерлин како момче, кога бил сиромашен, сакал девојка за која се покажало дека била спонзоруша. Го напуштила и заминала со богат дечко во Швајцарија.

Кога се прославил, таа се вратила во Сараево поради него, а тој и ја испеал оваа песна за прв пат: „Imam sve što poželim, samo jedno ne, da me neko bar na tren voli zbog mene!“ .

Во еден период од својот живот Мерлин завршил на лекување во Германија.

Мерлин бил искучително слаб на својата мајка која имала многу турбулентен однос со неговиот татко, кој ги напуштил.

Откако починала, и ја посветил песната  “Nedostaješ”.

Тоа за жал е вистина, дури кога изгубиш некој драг, дури тогаш го бараш, кога умре, иако си свесен дека никогаш нема да го вратиш“, рекол Мерлин при една прилика.

фактор.мк

 

 

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.