По 13-годишниот брак пред една недела одекна веста дека се разведоа поранешниот кошаркар и сега претседателот на КФМ, Перо Антиќ и неговата сопруга, Ружица.

Естрадниот магазин “Бекстејџ” дознава дека Перо и Ружица се разделиле уште пред неколку месеци, а документите за развод ги потпишале пред повеќе од еден месец.

Наводно, старателството над децата и куќата Во Влае каде живееше семејството ѝ припаднале на Ружица, а кошаркарот се преселил во станот на Водно каде што моментално живее сам. Се шпекулира дека имотот и милионите кои Перо ги заработил од својата кариера се подеднакво поделени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.