Познатата пејачка Маја Саздановска си го отвори срцето и за прв пат прозборе за животната трагедија која ја преживеа. Велат дека времето лечи сѐ, но не е така. Едноставно се навикнуваш да живееш со болката, вели Маја за естрадниот магазин „Бекстејџ“ отворено проговори за семејната трагедија кога пред пет години ненадејно почина нејзиниот сопруг. Саздановска го изгуби животниот партнер Саша само девет месеци по раѓањето на нивната ќерка.
Срна беше многу мала кога почина маж ми, но секој ден прашува за него. Зборуваме и се потсетуваме заеднички на тато. За разлика од другите деца, поради тоа што се случи созреа предвреме, многу е итра,снаодлива и личи на него. Тука се и бабите и дедовците да ѝ ги раскажат приказните за тато од неговото детство и младост. Не дозволуваме споменот да згасне – раскажа Маја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.