Кесингтонската палата во Лондон објави фотографии од малиот принц Луис по повод неговиот прв роденден, кои ги направи неговата мајка, Кејт Мидлтон.

Насмеан, со црвени образи, принцот ужива во природата и многу потсетува на татко му Вилијам.

Принцот Луис е петти во линијата за наследник на кралската круна. Со полно име Луис Артус Чарлс, се роди во 11 наутро на 23 април во 2018 година, на именденот на братот Џорџ. Како и со другите деца, Кејт веднаш со Луис позираше пред болницата во Лондон. Новите фотографии од малиот принц го докажуваат она што Кејт претходно го изјави за својот син, дека е многу активно дете.

Неговиот роденден ќе се прослави во кругот на семејствотo.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.