Фолк-пејачките Драгана Мирковиќ и Цеца Ражнатовиќ по неколку години се сретнаа очи в очи на снимањето на новогодишната програма на РТС.

Имено, во мигот кога Драгана завршила со својот дел, пристигнала Цеца, која на влезот во студиото наишла на неа. Насобраните чекале да видат што ќе се случи, а потоа Драгана и’ се обратила на Цеца, пренесува порталот „Свет.рс“.

Добровечер… Дали ние се познаваме или не?“, прашала Драгана, на што Цеца одговорила: „Па не знам, одлучи ти! Час се познаваме, час не! На тоа Драгана одговорила: „Јас oдлучив и ти кажав добровечер, а ти сега како сакаш. Јас немам проблем од тој вид!“

По разговорот, секоја заминала на своја страна, без да се ракуваат, а не пак да се гушнат и бакнат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.