Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ во интервју на Хрватското католичко радио ја запеа својата најдрага духовна песна.
По освртот на темите за реконструкцијата на хрватската Влада, образованието, Црквата и политичките состојби во земјата, Грабар-Китаровиќ се префрли и на полесните теми.
Имено, таа откри дека нејзината омилена верска песна е „Христос на брегот”, по што отпеа дел од стиховите.
Инаку хрватската претседателка стана вистински хит во светот за време на СП 2018 во Русија каде буквално на секој натпревар доминираше и ги бодреше своите фудбалери, за да на крајот во финалето на дождот го слави второто место.
Пред да запее ги предупредила водителите дека слушаат на нивна одговорност.
Делот со нејзиниот перформанс проследете го од 58 минута и 30 секунди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.