Џон Леџенд во понеделникот со фановите сподели информација дека сè уште не знае да плива. Тие биле изненадени и некои сметале дека станува збор за шега, но пејачот ги почести со видео во кое се гледа како навистина почнува да учи да плива.
Јас всушност не знам да пливам. Денес по втор пат се обидувам да пливам, првиот обид беше кога имав пет години. Мојот татко научил да плива кога имаше 60 години така што мислам дека не задоцнив многу”, напиша Џон на Твитер.
Фановите му упатиле многубројни пораки со поддршка, а помеѓу сè му се обрати и американската пливачка Кристи Ковал.
Оваа седмица се селам во Калифорнија. Јави ми се ако сакаш тебе и твоите деца да Ви дадам неколку лекции”, напишала Кристи во одговор на Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.