Единствениот преживеан од автомобилот во кој на 17 февруари трагично загинаа пејачот Шабан Шаулиќ и неговиот возач Мирсад Кериќ, неговиот кум Слободан Бобан Стојадиновиќ открива дека во моментот на несреќата, пејачот имал пари заработени од трите настапи во Германија.

Имено, според тие информации пејачот Шабан Шаулиќ во џебот на јакната имал 15,5 илјади кои исчезнале кога облеката на веќе починатиот пејач во болницата била прегледана.

Според изјавата на кумот Боби Стојановиќ тие на кобниот ден се враќале од турнејата по Германија во која Шабан заработил 20.000 евра, според Стојановиќ дел од парите Шабан потрошил на купување а остатаокот од 15.000 евра го сочувал кај себе кои ги имал додека патувале во време на сударот. Но, кога во болницата ја подигнале облеката на починатиот Шабан парите ги немало, а единствени кои имале контакт со него во време на превозот од несреќата на автопатот, приемот и третманот во болницата биле германските службеници од брзата помош и лекарите.

Ни Германија не е тоа што беше штом од германски раце се украдени 15.000 евра од повреден човек на умирање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.