Фудбалерот Кристијано Роналдо по 6-ти пат во кариерата е добитник на наградата „Globe Soccer Awards“, за најдобар фудбалер на годината.

Сепак, внимание на присутните најмногу им привлекла неговата девојка, Џорџина Родригез, која за оваа прилика избрала тесна бела тоалета.

Парот бил модерно усогласен, но Џорџина мамела погледи со својата предизвикувачка тоалета со изрез на ногата.

Тоалетата е ускрасена со сребрени монистри и ја следи линијата на телото, а својот слаб струк Џорџина дополнително го истакнала со тесен ремен.

За тоа дека ништо не препуштила на случајност докажува и изборот на модни додатоци во вид на луксузен накит, но и едноставните бели сандали кои ги избрала со тоалетата.

Џорџина на Инстаграм објавила фотографии од свеченоста, а набрзо следеле комплименти и пофални зборови на сметка на нејзиниот изглед.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.