Гостување на Би-Би-Си на војвотката и војводата од Кембриџ, Кејт и Вилијам е топ тема на социјалните мрежи.

Кога британска готвачка и ТВ ѕвезда 84-годишната Мери Бери обелодени дека подготвува специјална божиќна емисија со принцот Вилијам и Кејт, многумина со нетрпение го очекуваа 16-ти декември.

Публиката за прв пат имаше прилика да го види кралскиот пар опуштен како млад пар родители.

Тие готвеа заедно со Мери и навистина уживаа. Но овие прекрасни моменти ги прекина една реакција на Кејт, која направи еден чуден потег кој ги збуни нивните фанови.

Парот седеше покрај каминот опкружен со волонтери, во позадина одеше тивка музика, сите опуштено разговараа и во еден момент Вилијам ја стави раката на рамото на Кејт, но таа нагло се заврте и го оттргна, а на видеото, не се слуша што говори таа. Што ја предизвика оваа реакција на Кејт?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.