Додека се подготвува за спектакуларниот настап на Супер Боул, Шакира сними интервју за „60 Minutes“.
Во него, 42-годишната музичка ѕвезда зборува за нејзиниот став за бракот, моментите кога соучениците ја измејувале за гласот, а заедно со Пике раскажуваат како се запознаа.
Не бев обожавателка на фудбалот, па не знаев кој е, но кога го видов видеото си помислив: ‘Хмм… оној е симпатичен’. И потоа некој одлучи да нè запознае“ – изјави Шакира за првата средба со Пике.
Славната пејачка откри и зошто не сака да се омажи за Пике:
Не сме во брак. Бракот ме плаши. Не сакам да ме гледа како „сопругата“. Сакам да ме гледа како негова девојка, љубовница, како забрането овошје. Сакам да го држам во неизвесност, да мисли дека сè е возможно во зависност од однесувањето“ – вели таа.
Шакира и Пике се заедно од 2011 година и имаат две деца, Милан и Саша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.