Адвокатскиот тим на хрватската пејачка Северина, кој го сочинуваат тројца бранители вчера поднеле жалба до Основниот суд во Загреб на одлуката да ѝ биде одземено старателството врз седум и пол годишниот син Александар. Тие претходно поднеле барање таткото на детето, српскиот бизнисмен, Милан Поповиќ, кој сега е старател да не смее да го носи Александар надвор од Хрватска. Поповиќ, пак, по добивањето на старателството преку меил од Северина ултимативно побарал да му го предаде пасошот од Александар. Засега судот не одлучувал по то барање.
Во вчерашната жалба на 20 страници адвокатите на Северина посочиле дека судот самостојно одлучил со кого ќе живее малиот Александар, а притоа не го прашале со кој од родителите сака да живее, ниту дека има право да знае во кој град ќе живее и каде ќе му биде домот, што е спротивно на Конвенцијата на Обиденетите нации за правата на децата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.