Северина е во брак со Игор Којиќ веќе пет години, но по се изгледа на љубовта и дошол крај. Игор, барем така тврдат нивните соседи, веќе се иселил од станот во кој живееле. Причина за кавгата биле парите и тоа што на Кеба малиот не придонесувал ништо, односно не работел и живеел на сметка на пејачката. Една нивна сосетка открила и дека пред некоја вечер ги слушнала како се караат на скалите од зградата каде што живее пејачката.

Му префрлаше што не придонесува со ништо и што се таа финансира. Слушнав како му вели: ’Па до кога мислиш јас да плаќам се, не можеш ни авионска карта да си купиш и тоа морам да ти го плаќам.’ Тој главно молчеше и не и се противеше,“ рекла комшиката.

Што точно се случува засега не е познато бидејќи не се огласиле ниту Севе ниту  малиот Кеба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.