Пејачката Северина Којиќ имаше стресна година која реши да ја заврши со насмевка на лицето. Веќе подолг временски период се наоѓа под лупа на јавноста, се проценуваат нејзините родителски квалитети, се изненсуваат разни ставови на сметка на нејзиниот морал, се следи секој нејзин чекор, а во 2019 година се соочи и со професионални разделби, финански проблеми, а неодамна го доби и најтешкиот животен удар откако судот во Загреб донесе привремена мерка и наложи нејзиниот син Александар во иднина да живее со својот татко, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ.
И покрај сето ова , пејачката која е припадник на католичката вероисповед, вчера со насмевка на лицето го прослави најважниот празник во годината – Божиќ и го порача следново:
Верувајте со целото свое срце во добрина и добрина ќе ви се случи. Секој крст кој го добивате носете го достоинствено и во мир, тој ве штити од се. Ви посакувам среќен Божиќ полн со благослави, порача Северина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.