Пејачката Јелена Карлеуша и нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ сепак се разведуваат! – тврдат медиумите во соседството. Наводно, Душко на Јелена веќе и испратил документи за развод, но поради смртта на нејзината мајката била донесена одлука малку да се почека со постапката.
Во најтажните моменти поради смртта на мајка ѝ Јелена ја имаше поддршката на својот сопруг Душко Тошиќ кој допатува од Кина веднаш штом ја слушна веста. Но, како што тврдат луѓе блиски до нив, тоа не значи дека ќе останат заедно, само ќе почекаат зашто заради смртта на Дивна, Тошиќ само реши малку да биде трпелив и да и дозволи на Јелена да се соземе од се што и се случи.
Истиот извор тврди дека Душко по аферата и нејзините преколнувања да и верува бил подготвен да ѝ прости на Јелена и да му даде шанса на нивниот брак, најмногу заради децата, но пораките што таа му ги испраќала на Огњен Врањеш ја прелеале чашата. Како ќе се одвиваат работите тешко дека некој може и да претпостави, затоа останува да бидеме трпеливи и да почекаме времето да покаже.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.