Со оглед на фактот што веќе извесен период гордо го носи статусот – најбогата пејачка во светот, Ријана реши покрај својајата свежа бизнис кариера, да вплови и во водите на кинематографијата, а во најновото интервју разговарала со актерката Сара Паулсон, колешка од филмот „Океан 8“, а од разговорот испливаа многу неверојатни информации кои нејзините обожаватели едвај ги дочекаа.
Бидејќи поминаа три години од излегувањето на нејзиниот последен албум, пејачката оваа пауза ја оправда со оваа изјава:
Некогаш бев само во студио, по три месеци без пауза, па објавував песни и албуми. Сега животот ми е како рингишпил. Еден ден се занимавам со мода, потоа долна облека, следниот со козметика, па музика. Како да имам многу деца и за сите од нив морам подеднакво да се грижам, рекла пејачката.
Кога сме веќе кај децата, Ријана веднаш додала:
Најмногу од се сакам да станам мајка, додека на прашањето за брак со насмевка одговорила: Само Бог знае, девојко. Ние планираме, а Бог се смее!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.