Познатата пејачка Рада Манојловиќ откри дека со години има сериозни проблеми со грбот и дека сериозно размислува за хируршка интервенција.
За сега пејачката редовно посетува киропрактичар поради јаките болки кои ги има.
Баш имав сериозни проблеми со грбот. Болките знаат да бидат до толку јаки што некогаш не можам ниту да спијам. Пред неколку години најдов одличен доктор кој ми помага да се ослободам од болката. Терапијата не е напорна, но бара редовност, а јас поради работата сум спречена редовно да ја посетувам, открила Рада и додала:
Таква е работата на пејачите, сите мислат дека ми е супер, но не е така. Често на настап знам да се појавам во патики и сите мислат дека глумам лудило, а не знаат јас со какви проблеми се мачам, заклучила Рада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.