Најмалку пет лица го загубија животот во налетот на студениот бран кој што погоди неколку сојузни американски држави и донесе рекордно ниски температури, карактеристични за поларните региони.
Околу 55 милиони жители на САД се соочуваат со екстремно ниски температури кои што се спуштаат до -50 степени Целзиусови.
Научниците ваквите екстремно ниски температури ги објаснуваат со метеоролошкиот феномен наречен „поларен вортекс“.
Прогласена е вондредна состојба во Висконзин, Мичиген, Илиноис, Алабама и Мисисипи, стотици училишта се затворени и на луѓето им се препорачува воопшто да не излегуваат надвор доколку немаат потреба од тоа.
Како што пренесуваат американските медиуми, според полициски извори, стапката на криминал во Чикаго пораснала, а криминалците дури со пиштоли напаѓаат луѓе за да им ги одземат нивните јакни.
Од американскиот метеоролошки завод објавија дека опасно е дури и 10 минути да се стои на отворено на ваков студ, со што луѓето ризикуваат замрзнатини. Покрај училиштата, затворени се и бројни владини институции, како и погоните на неколку поголеми компании.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.