Андре Ромел Јанг, познат како Др. Дре и неговата сопруга Никол Јанг се разведуваат по 24 години брак.

Магазинот ТМЗ пишува како Јанг поднела барање за развод во понеделникот, наведувајќи вообичаени непоправливи разлики како причина за раскинувањето.

Хип-хоп могулот се ожени со Никол Јанг на 25 мај 1996 година. Имаат две возрасни дца, синот Труиси и ќерката Трули, што значи дека ни музичарот ниту неговата наскоро поранешна сопруга нема да мора да плаќаат алиментација.

Извор тврди дека парот имал предбрачен договор. Според Форбс, Дре тежи околу 800 милиони долари.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.