Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ почина во тешка сообраќајна несреќа која се случи во Германија.

И по еден месец од неговата смрт, болката и тагата за пејачот не поминуваат.

Неговата најстара ќерка Илда Шаулиќ, најтешко ја поднесува загубата на нејзиниот татко, а извор близок на пејачката тврди дека се повлекла во себе и дека не излегува од дома. Наводно, за да и помогне, нејзиниот сопруг Бојан ангажирал стручно лице.

Таа не се јавува на телефон дури ни на нејзините пријатели, а од дома излегува само кога треба да оди кај нејзината мајка или на гробот на нејзиниот татко каде седи и плаче. Покрај неа е нејзиниот сопруг кој мораше да ги запостави своите обврски во Америка и сега е покрај Илда во Белград. Негова беше идејата Илда да се приклучи на „лајфкоучинг“. Неговите услуги во Америка се многу популарни и станува збор за класична психотерапија која преку разговор им помага на луѓето да ја вратат изгубената надеж и да ја сфатат суштината на животот. Таа ги откажа сите настапи, а за нови песни не ни сака да зборува, иако планираше пред летото да издаде нова песна. Ни Санела, ни Гордана не се нешто подобро, во домот им доаѓаат само неколку луѓе, таа ретко излегува во дворот, а во домот само зборуваат за Шабан“ тврди изворот.

Како што тврди изворот, синот Михајло најдобро се држи, а свадбата која ја планирал со својата свршеница ја одложил.

 

Михајло е подобро бидејќи треба да ги чува сестрите и мајката. Поради нив нем време да тагува, а одлучи свадбата да ја помести за крајот на следната година. Во тоа го поддржа и свршеницата и неговото семејство“, тврди изворот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.