Откако пејачката се појави на едно доделување на награди во Хрватска без сопругот, а после неколку часа на Инстаграм наместо Северина Којиќ беше само Северина, регионалните медиуми објавија дека нешто не е во ред со бракот на познатата пејачка.
Севе дојде сама да ја преземе наградата, што на сите им беше чудно со оглед на тоа дека Игор и таа се неразделни. Дека помеѓу нив не е се океј, беше јасно откако ја прашаа каде е Игор, а на што таа одговори: Не дојде со мене. Таа не сакаше да одговара на прашања поврзани со својот сопруг, што ги зачуди сите“, истакна за „Република“ извор кој се нашол на лице место и додал дека Северина воопшто не го спомнала сопругот, што е незамисливо.
Медиумите додадоа и дека пејачката повеќе не го следи својот свекот Драган Којиќ Ќеба на Инстаграм. Северина не се огласуваше после овие натписи и споделуваше фотографии само од настапи, но денес откри дека нејзиниот брак и понатака е идиличен, баш како што и нејзиниот однос со свекорот Ќеба и свекрвата Оља.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.