Нашата кошаркарска гордост, претседателот на КФМ Перо Антиќ и новинарката Ружица се отследија на социјалната мрежа Инстаграм. Околу една недела Ружица веќе не е Антиќ на Инстаграм, туку го носи моминското презиме Мојсовска.

Последната фотографија која Ружица ја поставила на оваа социјална мрежа од нејзинот сопруг е во февруари кога Перо доби „Златна Бубамара“. Кај Антиќ заедничка фотографија на Инстаграм може да се види дека е објавена во 2015 година.

Но не треба да се занемари и фактот дека Антиќ ретко објавува фотографии на социјалните мрежи. Сепак од извори на „Република“, разводот меѓу првата дама на кошарката во Македонија и Антиќ е веќе официјализиран. Ружица и Перо беа во брак повеќе од една деценија и имаат три дечиња.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.