Легендарната пејачка Витни Хјустон со својот глас стекна култен статус, а со својот контроверзен начин на живот привлекуваше големо внимание. Ниту седум години откако почина, не престанува да се зборува за новите детали и тајни од нејзиниот живот.
За една таква работа пејачката никогаш не зборувала, односно за мрачната семејна тајна со која се борела целиот свој живот.
Ѝ признала само на една личност, својата долгогодишна асистентка Мери Џоунс која внимателно ја сослушала кога пејачката и раскажала сè за злоставувањето кое го доживала како девојче и тоа од женски член на своето семејство.
Мери за оваа тајна на пејачката говореше во документарниот филм „Витни“ на авторот Кевин Мекдоналд и открила како ја дознала шокантната вистина.
Витни ме погледна и ми рече: „Мери бев злоставувана во детството. Но, тоа не ми го направи маж, беше жена“. Имаше и солзи во очите и рече дека нејзината мајка немала поим што се случувало и дека ништо не и кажала за тоа. Не сакала да ѝ каже затоа што верувала дека на мајка ѝ ќе ја повреди таа личност која ја злоставувала неа. Солзи ѝ течеа по лицето и во тој момент само ја прегрнав. Ѝ кажав дека мора да и раскаже на нејзината мајка кога ќе се смири затоа што само така ќе може да го симне „товарот““ – изјавила Мери во документарецот.
Додека Витни никогаш не ја именувала својата злоставничка, нејзиниот полубрат Гери Гарланд тврдел дека и тој бил злоставуван и тоа од страна на роднината Ди Ди Ворвик, инаку сестра на пејачката Диона Ворвик, која ги демантираше овие тврдења и ги нарече зли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.