“Имам малку надеж дека оваа година ќе има чудо за Кит и за мене. Сакаме да имаме повеќе деца”. Ова го признава Никол Кидман пред американските медиуми, зборувајќи за неjзиното семејство. Ѕвездата, која е мајка на четири деца, не крие дека таа сонува да има барем уште едно.
Според изворот близок до семејството, бидејќи актерката има веќе 52 години и тешко може да забремени и да донесе здраво бебе, таа и нејзиниот сопруг размислуваат за посвојување на дете.
Никол Кидман и Кит Урбан се заедно 13 години. Тие имаат четири деца. Двеа од бракот на холивудската ѕвезда со Том Круз – 24-годишниот Конор и 26-годишната Изабела. Актерката има една ќерка од нејзината љубов со музичарот – 11-годишната Сандеј. Тие, исто така, имаат уште една девојка, 8-годишната Фејт, која била родена од сурогат мајка.
Јас живеам во Нешвил намерно. Со Кит, всушност живееме едноставен живот. Ние постојано го повторуваме, но луѓето не ни веруваат. Но, навистина сме сосема обични луѓе. Ние работиме напорно и ја заштитуваме нашата приватност “, вели Кидман.
Никол постојано коментира во интервјуата со медиумите дека семејството е она што ѝ го носи нејзиниот внатрешен мир и спокојство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.