Вчера во Тел Авив се одржа првата полуфинална вечер од Евровизија 2019 година.

Свеченото отворање започна со победничката претставничка од минатата година Нета со песната „Toy“, а фановите во арената занема од нејзиниот настап и перфектната организација во Израел.

Сепак она што најмногу го наежи народот од Балканот е еден детаљ кој ги врати сите во минатото кога Евровизија беше популарна и се чекаше секој мај во државите на поранешна Југославија.

Станува збор за знаме од Југославија кое се вееше зад минатогодишната победничка Нета, а жителите на оваа земја вклучувајќи ја и Македонија со радост се сеќаваат на државата која беше домаќин во 1990-та година.

Целото видео кое ги наежи сите жители од овие простори можете да го погледнете точно 5:50 минути.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.