Латино дивите Шакира и Џенифер Лопез настапија на полувремето на Супербол одржано во неделата навечер во Мајами.
Атрактивните пејачки добија прилика да настапат на најголемото спортсто збиднување во САД, за кое полувремето е секогаш важен дел. Милиони се вртат само за реклами во овој период, хонорарите за изведувачите се вртоглави, а Шакира и Џеј Ло го заслужија секој долар од својот настап.
Првиот настап го имаше згодната Шакира. Колумбијката ја подигна атмосферата, а до врвот ја донесе Џеј Ло, која ја остаби публиката без здив, а по настапот никој не сакал да поверува дека пејачката влегува во шестата деценија од животот.
11 – годишната ќерка на Џенифер Лопез и Марк Ентони, исто така имаше свој момент, Ема има сѐ што е потребно за да биде ѕвезда, а за тоа сведочи и нејзиниот мнастап на полувремето на Super Bowl.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.