Пред неколку недели турската актерка Фахрие Евџан и сопруга на актерот Бурак Озчивит, беше хоспитализирана поради влошена здравствена состојба во бременоста.

Тогаш, нејзиниот сопруг изјави дека Фахрие е добро и дека наскоро ќе излезе од болница, а дека се работи само за настинка.

Турските медиуми ги следат во чекор, а сега ги зачекаа како излегуваат од блоницата држејќи се за рака.

Очигледно е дека Фахрие брои ситно до породувањето, а нејзиниот труднички стомак сега е најголем.

Наскоро очекуваме да се појави и веста дека познатите турски актери го добиле својот прв син, а неодамна од медиумите им беа понудени неколку милиони за да добијат ексклузива да го покажат лицето на бебето.

Имено, пред некое време турската актерка заврши во болница, па нивните фанови ја искритикуваа дека не се грижи доволно за себе додека е трудна.

Фахрије Евџен поради грип мораше да го прекине одморот и да се врати во Истанбул. Фановите на познатиот пар беа многу загрижени, и пред болницата се молеа се да пројде во најдобар ред



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.