Српските медиуми пренесуваат дека пејачката Милица Тодоровиќ и кореографот Милош Пауновиќ ја раскинале својата љубовна врска долга пет години.

Имено, двојката веќе два месеца не е во врска, а пејачката го замолила Милош да ги спакува своите работи и да излезе од станот во кој живееле заедно додека таа е на турнејата.

Како причина за раскинување се спомнуваат ненадминливи разлики во однос на заедничката иднина.

Тодоровиќ била недостапна за коментар, но на социјалните мрежи објави видеоклип со кој сака да покаже како се чувствува, пишува „Блиц“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.