Во првиот круг, Елена Миленковска доби критики за нејзиното пеење и грешки, меѓутоа Ана Бекута прифати да биде нејзин ментор.
Миленоковска во вториот круг се појави на сцената на „Гранд“ и со својата изведба го воодушеви жирито.
Таа се претстави со песните „Како после нас“ од Саша Ковачевиќ и „Извини се“ од Марија Шерифовиќ.
Додека Миленковска ја пееше „Како после нас“, со неа заедно пееше и Карлеуша која беше на работ да се расплачеше.
Ѓорѓе баш кажа дека твојата дикција е совршена, сакам да ти честитам со оглед на тоа дека во песните воопшто не се слушна дека си од Македонија, бидејки имаше совршен изговор, пофали Јелена македонската натпревараувачка за која во претходниот круг кажа дека не е за шоубизнис.
Елена доби вкупно шест гласови и помина директно во следниот круг.
Елена е од Скопје, а живее во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.