Луна Џогани, која победи во „Задруга 2“, го објави спотот за првата песна „Деветти круг“, која ја снимаше во Скопје.

Таа изјавила дека оваа песна си ја посветува на себе и нејзиниот емотивен живот, како и на сите перипетии низ кои помина во последно време. Песната е снимена во студиото на Дарко Димитров, како што претходно најави нејзината мајка Анабела.

И додека за песната доби пофалби, имаше и такви кои ја нападнаа дека ја копира Анастасија Ражнатовиќ, која веќе сними две песни. Но, Луна смета дека таа е многу поразлична од нејзе и дека не е ни можно да ја копира.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.