Бразилската манекенка Адријана Лима и поранешниот кошаркар Марко Јариќ заедно со своите ќерки Сиена и Валентина се наоѓаат во изолација во Мајами. Очигледно карантинот на поранешните сопружници им одговара, па имаат можност да размислат за својот однос и можеби си дадат уште една шанса еден на друг.


Лима и Јариќ се венчаа на денот на заљубените во 2009 година во Вајоминг, Америка. После 5 години брак во кој се родија нивните две ќерки, тие се разведоа во март 2014 година. Покрај разводот Адријана и Марко останаа во добри односи, што ја потврдува и одлуката да заедно со своите ќерки бидат во карантин. Но, озборувањата дека се смириле не ги покренаа само последните фотографии од Мајами на кои се гледа како парот со ќерките ужива во возење со глисер, туку во декември минатата година, кога во тајност вечераа со семејството на кошаркарот Владе Дивац.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.