Пејачката Леди Гага (33) продолжила понатаму откако ја раскина веридбата со Кристијан Карино (51) и озборувањата за аферата со Бредли Купер (44).
Новата година ја дочекала во Лас Вегас, а папараците ја уловиле како на полноќ за Нова година се бакнува со мистериозен маж.
После страсното бакнување, Леди Гага и непознатото момче си заминале држејќи се за раце. Странските медиуми не знаат кој е мажот со кој се бакнува Леди Гага, но сигурни се дека не е никој од нејзините поранешни партнери.
Пејачката за Нова година во Лас Вегас настапувала во ресторанот „The NoMad“, а после настапот отишла на друга локација.
Инаку, после главната улога во филмот на Бредли, „Ѕвездата е родена“, Леди Гага ја раскина веридбата со Кристијан. Ја поврзуваа со Купер, а се проширија и гласини дека актерот ја напушта руската манекенка Ирина Шајк (33).
Иако Бредли ја остави Ирина, тој и пејачката никогаш не потврдија дека имаат било каков однос, освен деловен. Од друга страна, причината поради која Леди Гага го остави Карино – не е позната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.