Британската пејачка Адел (31), објавила фотографија на социјалните мрежи откако „паузирала“ од Инстаграм нешто повеќе од два месеци. На две црно-бели фотографии, таа позираше со Дедо Мраз и Гринч. Она што нејзините пријатели и следбеници веднаш забележале е физичката промена. Со долгиот сатенски фустан, таа ја нагласила новата линија и русата коса ја навиткала во гламурозни кадрици.

Нејзините обожаватели беа шокирани од нејзиниот изглед, а додека ја фалеле, попатно ѝ сугерираа дека не би било лошо да се издаде некоја нова песна. Промената на Адела е многу видлива, а судејќи според пишувањата на странските медиуми, во борбата со вишокот килограми не се впуштила сама. Со неа биле тренерите Џо Викс и Далтон Вонг.

Благодарение на редовното вежбање и правилната исхрана таа ослабела 20 килограми.
И, додека повеќето ја фалат, некои сметаат дека сега одлучила да преземе нешто за нејзината тежина затоа што останала сама. Откако се развела од сопругот Симон Конецки, со кого има син Енџел (7), тврдат дека можеби сака да запознае некого, па не сака нејзината дебелина да ѝ биде проблем на тоа поле.

Килограмите можеше да ги стопиш и додека беше во брак, но јасно ни е. Тогаш знаеше дека ќе биде со тебе, а сега си во потрага по нов“, напишале злобниците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.