Кралското семејство соопшти дека е повредено по објавата на војводата и војвотката од Сасекс дека ќе се повлечат од своите кралски функции.
Како што пренесува Би-би-си, принцот Хари и Меган не се консултирале со никого од кралското семејство пред да ја соопштат нивната одлука.
Бакингамската палата беше „слепа“ рекол Џони Дајмонд, претставник на кралското семејство, во врска со идните чекори на брачната двојка.
Палатата соопшти дека се работи за комплицирани прашања низ кои мора да поминат.
Принцот Хари и Меган вчера преку соопштение објавија дека по повеќемесечни размислувања и меѓусебни дискусии, одлучиле да го напуштат кралското семејство и да работат за да бидат финансиски независни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.