Иако се’ уште не е официјално потврдено, се шушка дека познатиот пар веќе не е во љубов

Долго се шпекулираше за раскинувањето на омилениот холивудски пар, а синоќа тоа навистина се случило! Според податоците на магазинот People, парот дефинитивно ставил точка на својата долгогодишна романса.

Шпекулациите за раскинувањето почнаа по премиерата на популарниот филм A Star Is Born, кога почнаа и шушкањата за неверојатната хемија помеѓу Бредли и колешката од снимањето Лејди Гага.

Ирина и Бредли биле заедно од 2015 година, а нивната љубов била крунисана со ќерката во 2017 година. Според анонимни извори, парот се трудел да најде најдобро решение за старателството над ќерката.

Иако до неодамна се зборуваше за можната љубов помеѓу Бредли и Лејди Гага, познатата пејачка не е причината за раскинувањето. Имено, светските медиуми пренесуваат дека на Бредли и Ирина во последно време не им одело баш добро, па на почетокот на неделава одлучиле да се разделат и да ја тестираат својата врска.

Покрај тоа, тимовите за односи со јавност на Бредли и Лејди Гага потврдиле за медиумите дека ништо романтично не се случило помеѓу нив двајца.

Раскинувањето на еден од најубавите парови во Холивуд се’ уште не е официјално потврден, ниту парот сакал да даде какви било изјави или коментари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.